Дома Фудбал Останато Aгуеро: Фрлив пари на Ламбурџинито, не знам зошто го купив

Aгуеро: Фрлив пари на Ламбурџинито, не знам зошто го купив

Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро во својот возен парк од 2014 година има Ламбурџини Авентадор кое го плати 400.000 евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во разговор за „Канал Америка“ тој призна дека тој скапоцен автомобил не го вози многу.

„Не знам зошто го купив Ламбурџинито. Во седум години со него поминав само 1200 километри. Веќе две години размислувам зошто воопшто го купив. Стои надвор и собира пајажина, фрлив пари на него“, изјави Агуеро.

Агуеро во Манчестер Сити пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 40 милиони евра. Во девет ипол години на „Етихад“ постигна 256 голови со што стана најдобар стрелец во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како група момци од 200 милиони евра направија потрес во Серија А

Клубот Комо е основан на 25 мај 1907 година, а 117 години подоцна, на 24 мај 2026, го пост…