Дома Фудбал Останато Бекам со урнебесна честитка до Ибра: 500 голови, тоа значи дека си многу стар! (видео)

Бекам со урнебесна честитка до Ибра: 500 голови, тоа значи дека си многу стар! (видео)

beckham ibrahimovic

Златан Ибрахимовиќ и Девијд Бекам често пати знаат да комуницираат преку социјалните мрежи, така беше и во текот на Мундијалот кога се обложија за натпреварот помеѓу Англија и Шведска.

Сега прославениот англиски фудбалер, а денес претседател на Мајами му честиташе на Ибра за големото достигнување и постигнувањето на 500-тиот гол во кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бекам до Ибра испрати видео порака до Ибрахимовиќ и тоа преку профилот на неговиот клуб, Лос Анџелес Галакси.

„Златан, сакам да ти честитам. 500 голови каква кариера, какво достигнување! Беше задоволство да се игра со тебе и против тебе, ми беше задоволство да ти бидам пријател. 500 голови значат и дека си многу стар. Честитки другар. Мораш да поработиш само на срамежливоста. Доколку го направиш тоа ќе бидеш уште подобар. Честитки“, гласи видео пораката на Бекам.

Не се чекаше долго за да стигне одговорот од другата страна.

„Пријателе ти благодарам. Се согласувам, стар сум. Ќе поработам на срамежливоста, треба да бидам подобар на тоа поле“, возврати Швеѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…