Дома Трансфер зона Мурињо потврди: Четворица играчи добиваат нови договори!

Мурињо потврди: Четворица играчи добиваат нови договори!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо потврди дека сака да ги задржи во тимот на подолго време Лук Шо, Хуан Мата и Андер Ерера на кои договорот им истекува на крајот на сезоната.

„Специјалниот“ откри дека клубот наскоро ќе им понуди нови договори на споменатите фудбалери, притоа е убеден дека тие ќе прифатат да останат на „Олд Трафорд“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Се надевам дека тие ќе останат во клубот. Развивањето на Лук Шо не тера да веруваме дека тој се движи во вистински правец. Сакам да го задржам во тимот. Имавме слична ситуација минатото лето со Фелаини. Јас секогаш велев дека ќе остане, сега го тврдам истото и за останатите“, истакна Мурињо.

„И покрај фактот што немаат голема минутажа Ерера и Мата се уникатни од гледна точка на карактерите, така што јас инсистирам да останат во мојот тим“, додаде Португалецот.

Ешли Јанг е четвртиот играч кој што ќе добие нов договор, тоа беше потврдено пред неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…