Дома Фудбал Коста се огласи после инцидентот: Сакам да се извинам на сите…

Коста се огласи после инцидентот: Сакам да се извинам на сите…

Бразилскиот крилен фудбалер Даглас Коста вчера го шокира фудбалскиот свет откако пред крајот на натпреварот против Сасуоло го плукна противничкиот играч поради што доби директен црвен картон.

Коста поради овој потег се соочува со три натпревари суспензија, а можеби и повеќе, а после натпреварот одлучи да се извини на сите.

„Сакам да се извинам на сите навивачи на Јувентус поради реакцијата во текот на денешниот натпревар. Исто така се извинувам на своите соиграчи кои секогаш се на мојата страна во добри и лоши моменти. Беше тоа грдо, се извинувам на сите поради тоа.“ – напиша Коста на Инстаграм.

Да потсетиме, тренерот на Јувентус Алегри потврди дека Бразилецот ќе биде казнет поради своите постапки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…