Дома Фудбал Останато Сите знаеме кој е Девид Бекам, но има ли доволно моќ за Меси да ги смени плановите?

Сите знаеме кој е Девид Бекам, но има ли доволно моќ за Меси да ги смени плановите?

Веќе добро позната е намерата на Лионел Меси после одработувањето на договорот со Барселона кариерата да ја заврши во Аргентина во Њуелс Олд Бојс, но дали нешто може да се промени?

Од Каталонија пристигнуваат информации дека новата франшиза, Интер Мајами зад која стои Дејвид Бекам спрема понуда која Лео не би можел да ја одбие.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според информациите Бекам е спремен да му понуди вистинско богатство на Меси за тој да заигра за неговиот тим.

Франшизата ќе стартува во МЛС лигата во 2020 година и наводно Бекам тогаш ќе се обиде да го привлече Меси на Флорида, но иако такви се најавите не изгледа реално Меси да ја напушти Барса пред истекот на договорот (2021).

Бекам како што повеќе пати истакнуваше е цврсто решен од Мајами да направи најпопуларен клуб во САД и да го превземе приматот од Лос Анџелес.

Како и да е сето ова сега е во фаза на идеја и сигурно дека на никого, па и на Бекам нема да му биде лесно да го убеди Меси да заигра за неговиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендарнот Дел Пјеро го донесе трофејот за Светското првенство во Саудиск Арабија (Видео)

Трофејот на Светското првенство во фудбал денеска го достигна Ријад, Саудиска Арабија. Ова…