Двата милански гигани, Милан и Интер ќе водат битка за талентираниот италијански репрезентативец, Николо Барела, пренесуваат медиумите на Апенините.
21-годишниот играч за врска на Каљари веќе подолго време се поврзува со „нероаѕурите“, но сега „росонерите“ ќе се обидат да го „украдат“ талентот пред носот на градскиот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барела важи за еден од најголемите таленти на Апенините и веќе дебитираше за италијанската репрезентација, а по стилот на игра многу потсетува на Наинголан.
Каљари за својот бисер бара 40 милиони евра, но таа сума е висока за двата милански клуба. Меѓутоа, Милан и Интер го сакаат Барела уште во јануари и се спремни да му понудат на Каљари играч плус одредена сума.
Mercato – Inter e Milan si sfidano per Barella: i dettagli https://t.co/oCKR8BsC6r #calciomercato #calciomercatointer #amala
— fratellidelmondo (@fratellimondo) September 14, 2018