Дома Фудбал На повидок казнување и одземање бодови и во Премиер лигата!

На повидок казнување и одземање бодови и во Премиер лигата!

Откако Киево беше казнет со -3 три бода во италијанската Серија А, одземање на бодови би можеле да видиме и во Премиер лигата.

На „удар“ би можел да биде тимот на Евертон кој обвинет од страна на Вотфорд за нерегуларности при доведувањето на португалскиот стратег Марко Силва.

Наводно, управата на Евертон немала право да го контактира Силва. Меѓутоа тие разговарале, па дури и договориле средба со Силва кој во тие моменти се уште бил под договор со Вотфорд.

Засега се е во фаза на истрага. Обвинувањата од страна на Вотфорд изгледаат навистина сериозно и ако се пронајдат доказ на Евертон би можеле да му бидат одземени одреден број на бодови.

Евертон на стартот на оваа сезона после четири натпревари е без пораз и имаат учинок од една победа и три нерешени средби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓозубујук на центарот во Скопје, Словенија доаѓа по второто место

Холандска судиска екипа ќе го води последниот дуел на Македонија во групната фаза од Лигат…