Дома Трансфер зона Реал Мадрид добива неочекувано, но големо засилување

Реал Мадрид добива неочекувано, но големо засилување

Германските медиуми пренесуваат дека Хамес Родригез е незадоволен до својот статус во Баерн Минхен и сака да ја промени средината.

Колумбиецит минатото лето пристигна на „Алијанц Арена“ на двегодишна позајмица, но Баварците ќе имаат можност да го откупат следното лето за сума од 42 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, прашање е дали Баварците ќе ја искористат таа опција, најмногу поради фактот што Хамес Родригез не сака да остане во Минхен, па веќе размислува за враќање во Реал Мадрид.

Така Реал изненадувачки би можел да добие големо засилување следното лето, но секако главен услов ќе биде Јулен Лопетеги да биде заинтересиран за Колумбиецот.

Другата опција е Реал да го препродаде во трет клуб, а интерес за Хамес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…