Шпанците предводени од Луис Енрике убедливо ја совладаа селекцијата на Хрватска со 6:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поранешниот тренер на Барселона после натпреварот беше горд на успехот на своите момци против светскиот вицешампион, но едно новинарско прашање посебно го изнервира.
Поточно, се однесуваше на тоа дека дури шест играчи на Реал го започнале натпреварот.
„Не го знаев тоа, ниту ме интересира. Ова е репрезентација на Шпанија, воошто не гледа кој каде игра, така да не ми е битно дали се играчите од Реал или Барса.“ – изјави Енрике.
Клупата на шпанската репрезентација Енрике ја превзема од јули, откако претходни три години успешно ја водеше Барселона.