Дома Фудбал Тевез: Ќе ви кажам зошто Роналдо е подобар од Меси

Тевез: Ќе ви кажам зошто Роналдо е подобар од Меси

Со години наназад се води полемика за тоа кој е подобар фудбалер, Роналдо или Меси.

Многу славни фудбалери им даваат предност на еден од нив, а за Аргентинецот Карлос Тевез нема дилеми – подобар е Роналдо.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Иако Меси му е сонародник со кој играше во националниот тим, ја објасни причината поради која Роналдо е подобар.

„Меси никогаш го немам видено во теретана. Никогаш го немам видено како дополнително тренира или да работи вежби за техника. На него е тоа се природно, но знам дека тренираше пенали и сега ги шутира точно во аглите.“ – изјави Тевез , а потоа ги упати сите пофалби за Португалецот.

„Кристијано после тренингот е во теретаната. За него тоа е опсесија и сака да биде најдобар во се. Кога имаме тренинг во 9 часот, ја доаѓам во 8, а тој е веќе таму. Дури и кога доаѓав во 7:30, тој беше таму. Еднаш решив да дојдам во 6 часот наутро и погодете кој беше таму. Беше поспан, но тренираше.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бекам го купи „телохранителот“ на Меси за 15 милиони евра (Фото)

Интер Мајами официјално го претстави аргентинскиот репрезентативец Родриго Де Пол кој прис…