Дома Фудбал Репрезентации И тоа се случи: Жиру го надмина Зидан на вечната листа стрелци!

И тоа се случи: Жиру го надмина Зидан на вечната листа стрелци!

Оливие Жиру синоќа беше херој за француската репрезентација и го постигна победничкиот гол во дербито против Холандија во Лигата на нации.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Жиру така го прекина голгетерскиот пост и го постигна 32-от гол во националниот тим, со што се искачи на 4-то место на вечната листа оставајќи го зад себе легендарниот Зинедин Зидан на 31 гол.

„Жиру е многу благодарен играч кој често пати е неправедно критикуван. Многу сум среќен за него што постигна гол. Многу патеше поради критиките, кои според мене беа неправедни“, изјави селекторот Дешамп.

Жиру не постигна ниту еден гол на Мундијалот, па беше мета на жестоки критики, но бројките се на негова страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…