Дома Топ вести Европските гиганти „полудеа“ по новата бразилска ѕвезда (видео)

Европските гиганти „полудеа“ по новата бразилска ѕвезда (видео)

Милан, Јувентус, ПСЖ и Барселона се силно заинтересирани за новата бразилска ѕвезда, Лукас Пакета.

Пакета блеска во дресот на Фламенго, а неодамна дебитираше и за бразилската репрезентација, па во моментов важи за еден од најголемите бразилски таленти и му се предвидува блескава иднина.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Европските гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис, па нема да биде чудно ако Пакета го гледаме во Европа уште од јануари.

Станува збор за крилен напаѓач кој може да игра и како офанзивен играч за врска, има исклучителна техника и одлично чувство за гол.

Пакета во моменот важи за најголема ѕвезда во бразилското првенство, а во договорот со Фламенго има откупна клаузула од 50 милиони евра.

Останува да видиме дали некој од заинтересираните клубови е спремен да ја плати таа сума уште во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…