Фудбалерот практично е нивни.
Со месеци наназад се шпекулираше за можноста Бразилецот Марсело да се пресели во редовите на Јувентус, но долгогодишниот член на Реал Мадрид со изјава во јавноста ги демантираше таквите најави.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Слушнав и прочитав многу работи кои немаат врска со реалноста. Некои луѓе сакаат да станат креатори на јавното мислење и исмислуваат работи кои не постојат. И понатаму сум гладен за победување со Реал, кога би се прашувал само јас сигурен сум дека би останал тука до крајот на кариерата“, изјави Марсело.
Оваа изјава воедно беше и порака до „старата дама“ да си бара нова алтернатива.
Како што пишува „Тутоспорт“, медиум кој важи за добро упатен со случувањата во Торино решение за таа позција на која клбуот сега го има Алекс Сандро е 20 годишниот, Рожерио.
Рожерио практично е играч на Јувентус, тој како позајмен фудбалер настапува во редовите на Сасуоло.
Италијанците претпоставуваат дека во случај на заминување на Сандро за кое се пишува подолго време, Јуве веднаш ќе го врати Рожерио во Торино.