Дома Трансфер зона Гигантот се откажа од играчот на ПСЖ, Италијанците во пол-позиција!

Гигантот се откажа од играчот на ПСЖ, Италијанците во пол-позиција!

Ливерпул се откажа од Адријан Рабиот.

Според англиските медиуми, премиерлигашот ќе ја напушти трката за талентираниот играч за врска на ПСЖ, што ги остава Јувентус и Милан како главни конкуренти за неговиот потпис.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Росонерите“ најмногу ги поврзува познатството помеѓу Рабио и нивниот спортски директор Леонардо, кој прв му даде шанса во Париз, кога беше тренер на францускиот шампион.

Од другата страна, против себе го имаат Марот и екипата, луѓе кои повеќе пати ги доведуваат посакуваните цели, а особено се истакнуваат со доведувањето на играчи без надомест.

На 23-годишниот играч му истекува договорот со Парижаните на крајот од оваа сезона, неколку пати и ја одби понудата за продолжување на соработката, што дефинитивно значи промена на средината на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…