Германските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за младата ѕвезда на Хановер, Линтон Маина.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за 19-годишен офанзивен играч за врска кој веќе го доби епитетот „новиот Сане“, поради сличностите кои ги има со ѕвездата на Манчестер Сити.
Настапуваше за сите младински категории на германската репрезентација, а во дресот на Хановер дебитираше во март оваа година.
Маина го следат скаути на многу европски клубови, но најконкретен интерес покажува Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ сакаат да го купат уште во јануари и да го останат на позајмица во Бундеслигата до крајот на сезоната.
Маина има и африкански корени бидејќи неговиот татко е од Кенија, па може да се одлучи да настапува за таа селекција.