Дома Трансфер зона Пеп продолжува со трошењето: Дефанзивецот резервиран за јануари?

Пеп продолжува со трошењето: Дефанзивецот резервиран за јануари?

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пронајде ново засилување.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, на „Етихад“ во јануари би можело да пристигне дефанзивецот на Бетис, Жуниор Фирпо. Овој 22-годишен фудбалер игра одлично во тимот од Севиља, откако шанса за игра доби во минатата сезона. Примарна позиција му е лев бек, а многу лесно може да игра и по крило, но и како стопер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Способноста да игра на повеќе позиции го привлече вниманието на многу клубови, а за сега „Граѓаните“ се тие кои покажуваат најголем интерес. Жуниор би можел да чини многу пари. Бетис за неговите услуги бара дури 60 милиони евра и сопствениците на Сити ќе мораат да го отворат кесето доколку сакаат да му исполнат уште една желба на Гвардиола.

Фирпо е роден во Доминиканската Република, но го носи дресот на селекцијата на Шпанија. Член е на Бетис од 2014. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…