Дома Трансфер зона Неверојатно: Сити можел да го има Модриќ за смешни 10 милиони, но…

Неверојатно: Сити можел да го има Модриќ за смешни 10 милиони, но…

Лука Модриќ со години е еден од најдобрите играчи за врска во светот, а оваа сезона има реални шанси да стане и официјално најдобриот фудбалер во светот.

Англиските медиуми излегоа со исклучително интересни детали за Лука Модриќ и тврдат дека Манчестер Сити бил на чекор да го донесе Хрватот во своите редови.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Доживотиот претседател на Манчестер Сити, Бернард Халфорд изјави дека можеле да го донесат Модриќ за 10 милиони фунти додека се уште играше за Динамо Загреб.

Тогаш за „граѓаните“ играше Ведран Чорлука кој му го препорачал својот сонардник Лука Модриќ на тогашниот сопственик на клубот. Но набрзо дојде до промена на сопственичката структура, па Модриќ заврши во Тотенхем, а Сити се одлучи да го купи Давид Силва.

„Можевме да го имаме потенцијалниот добитник на Златната топка“, со носталгија открива Бернард Халфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…