Летниот преоден рок е затворен уште пред шест дена, но за оние кои знаат како да пронајдат „дупки“ во системот се уште работат на трансфер пазарот.
Тука мислиме на сопственикот на Олимпијакос Евангелос Марианакис кој вчера направи потег како на „Фудбал Менаџер“. Се сеќавате како на популарната игра седнувате да го водите вториот тим, па си продавате играчи на првиот тим за 0 евра? Нешто слично вчера направи овој човек.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Марианакис освен на Олимпијакос е сопственик и на англискиот Нотинген Форест кој вчера го претстави засилувањето од грчкиот клуб Панајотис Тахицидис (27) кој во англискиот клуб пристигна како слободен играч.
Олимпијакос намерно го раскина договорот, за фудбалерот без никакви проблеми да може да ја промени средината иако трансфер перидот заврши на 31 август.
Овој фудбалер со Нотингем потпиша договор на две сезони, до летото 2020 година
Помина и голем дел од својата кариера во Италија каде што играјќи за Џенова, Рома, Торино и Каљари собра скоро 200 настапи.
Evangelos Marinakis (who owns both Nottingham Forest and Olympiacos) wanted to sign Olympiacos midfielder Tachtsidis for Forest but ran out of time in the transfer window…
So instead he terminated Tachtsidis' contract at Olympiacos and signed him on a free for Forest! ??? pic.twitter.com/Gi5QJHuWUV
— Footy Humour (@FootyHumour) September 5, 2018