Дома Фудбал Останато Сериозни обвинувања кон Бенфика – и се заканува суспензија од сите натпреварувања!?

Сериозни обвинувања кон Бенфика – и се заканува суспензија од сите натпреварувања!?

Фудбалскиот клуб Бенфика соопшти дека ќе се бори против обвиненијата за корупција кои можат да доведат до тоа португалскиот гигант да биде суспендиран од сите натпреварувања.

Лисабонското обвинителство ја обвинува Бенфика за наводен обид да пристапат до истражните постапки и судиите кои го истражувале работењето на клубот и нивните ривали.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Покрај клубот, јавниот обвинител исто така обвинува двајца судски службеници.

Судот сега мора да одлучи дали доказите на јавното обвинителство се доволни да се започне судска постапка. Доколку дојде до судење тоа може да потрае и неколку години, со оглед на тоа колку е бавен португалскиот правен систем, најавуваат медиумите во оваа земја.

Дисциплинскиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Португалија денес соопшти дека е започната истрага после обвиненијата на јавниот обвинител.

Обвиненијата кон Бенфика се однесуваат на последните две сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…