Изминатиот викенд на 01-02.09.2018 во Кавадарци во се одржа Балканско Првенство за Сениори-ки во џудо. Организатори на ова Првенство беа Џудо Федерацијата на Македонија со техничка поддршка на Џудо Клубот Кожувчанка- Кавадарци. На ова Балканско Првенство учество зедоа вкупно 8 држави (Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово).
Во составот на Македонската сениорска репрезентација беа и 5 репрезентативци – членови на Џудо Клубот Сеишин- Прилеп и ги освоија следноте резултати:
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поединечно натпреварување:
1. Александра Најдоска кат. +78 кг. 2-ро место
2. Христијан Ѓураков кат. -81 кг. 3-то место.
Екипно натпреварување (цела репрезентација 2 ро место) поединечно учесници од Џудо Клуб СЕИШИН:
1. Марио Тошески кат. -73 кг. 2-ро место
2. Христијан Ѓураков кат. -81 кг. 2-ро место
3. Кристијан Тошески кат. -90 кг. 2-ро место
4. Бобан Глигуроски кат. -90 кг, 2-ро место
5. Александра Најдоска кат. +78 кг. 2-ро место
Во Екипното Натпреварување во полуфиналната борба Репрезентацијата на Македонија(мажи+жени) ја победи Албанија, додека во Финалето Македонија загуби од Босна и Херцеговина.
Со оглед на претходниот преоден период заради летните одмори и краткото време за припреми Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп е задоволен со настапот на своите натпреварувачи.