Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризнам е изненаден што не е меѓу тројцата најдобри фудбалери во изборот на ФИФА.
Сепак, Гризман верува дека оваа година може да триумфира со најпосакуваиот индивидуален трофеј – „Златната топка“, кој го доделува „Франс Фудбал“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За мене е многу чудно. Ова е трофеј на ФИФА, нели? Светското првенство е организирано од ФИФА. Го освоивме Светското првенство и немаме еден Французин меѓу финалистите. Изненадувачки е што нема ниту еден светски шампион“, изјави Гризман во интервју за „Екип“.
„Мислам дека ова е најуспешната година во мојата кариера. Постојат сезони во кои јас давам повеќе голови, но на ниво трофеи оваа година е мојата најдобра. Мислам дека овој пат сум поблиску до „Златната топка“. Тоа е многу престижна награда за секој фудбалер. Нема повисоко признание. Има и други награди, но тоа не е исто“, заклучи Гризман, кој вели дека мора да биде меѓу тројцата финалисти.
„Ако ја споредиме 2016 година со сегашноста, мислам дека мора да бидам меѓу трите номинирани лица. Во 2016 година загубив две финалиња и бев меѓу првите тројца, сега освоив три финалиња“, заклучи Французинот.