Дома Фудбал Италија Донарума: „Сакаме да го вратиме Милан таму каде што припаѓа“

Донарума: „Сакаме да го вратиме Милан таму каде што припаѓа“

Репрезентацијата на Италија вчера се собра за да се подготви за претстојните натпревари во Лигата на нациите, а прв кој се одзва на повикот е голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума.

„Ние сме одличен тим. Дишевме еден за друг и заслужено славевме во тој натпревар“, изјави Донарума за победата на Милан изминатиов викенд над Рома.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Наследникот на Буфон на голот на Италија најави дека амбициите на „Сан Сиро“ се зголемени и дека сакаат што подобри резултати.

„Јас сум мирен човек. Работам напорно од ден во ден и имам желба да напредувам. Сакам да му помогнам на тимот да го вратиме Милан таму каде што му е местото, а тоа е Лигата на Шампионите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новиот голман на Барселона не може мирно да спие поради навивачи на Еспањол

За неверојатно кратко време, шпанскиот голман Жоан Гарсија од омилен лик се претвори во ме…