Дома Фудбал Останато Шпанците убедени: Модриќ ќе ги „прегази“ Роналдо и Салах!

Шпанците убедени: Модриќ ќе ги „прегази“ Роналдо и Салах!

Лука Модриќ, Кристиано Роналдо и Мохамед Салах ќе се борат за наградата на ФИФА за играч на годината.

Наградата ќе биде доделена во Лондон на 24 септември, а според медиумите во овој момент фаворит за освојување е Хрватот, Модриќ кој неодамна ја однесе наградата за најдобар играч во Европа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпанскиот весник, „АС“ кој е со седиште во Мадрид направи и анкета на оваа тема во која убедливо победи токму Модриќ.

Околу 84% од читателите на „АС“ гласот го дале за Модриќ во анкетата во која учествувале 23.000 читатели. Роналдо освоил 12%, додека најдобриот играч на Ливерпул, Мо Салах освоил само 4%.

Анкета спроведе и медиумот со седиште во Барселона, „Мундо Депортиво“ и тука резултатите беа слични. Модриќ добил 74% од гласовите, Салах 17.%, а Роналдо 8.1%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Симеоне ги означи виновниците за болниот пораз во финалето во Купот

Атлетико доживеа навистина болен удар, само четири дена по пласманот во полуфиналето на Ли…