Јувентус ова лето направи вистински бум на трансфер пазарот доведувајќи ја своите редови првата ѕвезда на трикратниот европски шампион Реал Мадрид, Кристиано Роналдо.
Роналдо одлучи да го напушти Реал Мадрид, а како за нов предизвик ја избра „старата дама“ која за него плати 115 милиони евра кои ќе бидат исплатени на две рати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, на стартот од сезоната Роналдо загрижи дел од фановите на актуелниот италијански шампион бидејќи во првите три кола се уште нема постигнато погодок.
Но, охрабрување за Јувентус и навивачите стигна од португалскиот весник „А Бола“.
Имено, овој медиум потенцира дека септември е најуспешниот месецо кариерата на Португалецот во кој тој постигнал дури 57 погодоци.
Во викендот после репрезентативната пауза Јувентус ќе игра против Сасуоло, Валенсија, Фросиноне, Болоња и Наполи, а токму тука би можеле да видиме вистинска експлозија на Португалецот со оглед на неговиот досегашен учинок.