Дома Фудбал Лига на шампиони Познати цените на билетите за натпреварите на Звезда во ЛШ?

Познати цените на билетите за натпреварите на Звезда во ЛШ?

Црвена Звезда успеа да обезбеди учество во ЛШ, а навивачите со нетрпение очекуваат почеток на продажба на билетите.

Голем успех направи Звезда, како резултатски така и финансиски, а нова финансиска инекција се очекува кога ќе бидат продадени картите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Се очекува голема заработка имајќи го во предвид капацитетот на стадионот и интересот кој владее за натпреварите во ЛШ.

Според некои неофицијални информации до кои дојде српски „Информер“, цените за блок картите ќе бидат следни:

4.000 денари – север и југ
6.300 денари –  исток
7.800 денари – исток центар
9.400 денари – запад

Покрај тоа, се наведува дека ќе има и попуст за членовите на клубот кој би можеле да изнесуваат и до 50%.

Да напоменеме, цените се уште не се официјални и може да дојде до промена, а Звезда нема премногу време да одлучи бидејќи првиот натпревар на програмата веќе на 18. септември кога на најголемиот српски стадион доаѓа Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Црвениот дел од Ливерпул на нозе: Фановите со спектакл го испратија Клоп

Ливерпул во последното коло го пречекува Вулверхемптон, натпревар кој нема резултатско зна…