Македонскиот репрезентативец и член на Динамо Загреб, Аријан Адеми во последниот ден од преодниот рок најверојатно сепак ќе заврши во францускиот шампионат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, раководството на Лил е сериозно заинтересирани за услугите на Адеми и во текот на вчерашниот ден испрати понуда од 7,5 милиони евра. Хрватските медиуми пренесуваат дека Динамо е спремен да ја прифати понудата па многу е веројатно Македонецот во текот на денешниот ден да го комплетира трансферот.
Динамо најпрво одбил две понуди, но Лил не се откажал и ја зголемил понудата на 6,5 милиони евра плус 1 милион како бонуси, што ќе ги задоволи апетитите на хрватскиот клуб.
27-годишниот македонски репрезентативец цели 8 години е член на Динамо Загреб, и токму денес би можел да го напушти „Максимир“ и да се пресели во Франција.