Дома Фудбал Останато Фудбалерите на Звезда добро ќе го наплатат историскиот успех, познато колкави премии ќе добијат

Фудбалерите на Звезда добро ќе го наплатат историскиот успех, познато колкави премии ќе добијат

zvezda

Tимот на Црвена Звезда вчера направи огромен успех елиминирајќи го австриски Салцбург во плеј-офот за влез во Лигата на шампионите.

Звезда иако губеше со 2:0, за две минути успеа да постигне два погодоци и да изедначи на 2:2, резултат кој им беше доволен да ги одведе во групната фаза поради ремито 0:0 во првиот натпревар.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


За остварениот голем успех фудбалерите на Звезда ќе добијат и големи парични награди.

Иако не е официјално српските медиуми успеаа да стигнат до првите информации.

Имено, се наведува дека секој фудбалер на Звезда ќе добие бонус од 80.000 евра.

Иначе, ждрепката за групната фаза во најелитното европско натпреварување е закажана денес за 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…