Колумбијецот Џејмс Родригез јасно даде до знаење дека во новата сезона амбициите на Баерн се поголеми од претходната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Баварците претходната сезона го освоија само насловот во домашното првенство, а Родригез и друштвото се свесни дека тоа не смее да се повтори за клуб како Баерн.
„Лига на шампиони е доста тешко натпреварување, но тим како Баерн мора да оди на тоа да го освои трофејот. Небитно кој е противник , секогаш мора да играме на победа.“ – изјави Родригез и додаде:
„Во првенството најсериозен противник ќе ни биде Борусија. Но, фокусирани сме на себе, целта ни е да бидеме најдобри.“
Родригез минатата сезона за Баерн одигра 39 натпревари, а притоа запиша осум погодоци и 14 асистенции.