Дома Фудбал Останато Луѓето од Федерацијата го нарекуваат Салах „свиња“, закани доби и неговата мајка

Луѓето од Федерацијата го нарекуваат Салах „свиња“, закани доби и неговата мајка

Салах е вистинска ѕвезда во целиот свет, но се наоѓа во незавидна ситуација во својот роден Египет, каде мора да се „бори“ со луѓето до Фудбалската федерација.

Салах се буни против користењето на неговиот лик во комерцијални цели од федерацијата, конфликт кој започна летово, кога на авионот со кој репрезенативците патуваа на СП во Русија го имаше неговиот лик без дозвола.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Неговите молби веќе долго време се игнорирани, па така Салах сега се обрати преку својот адвокат.

Ова наиде на неочекувана реакција на луѓето од ЕФА. Најконтроверзна беше изјавата на Калед Латиф, член на бордот на Федрацијата кој на Твитер му порача: „Сакам да го потсетам Мо Салах дека неговата мајка уште живее во Египет. Ти си надвор и можеш да правиш што сакаш. Тие кои разбираат, разбираат“.

Магди Абд Ел Гани, уште еден член на бордот на ЕФА, пак, го нарече Салах „бела свиња“ на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…