Во Андалузија добро го запаметија 17. октомври 2017. година.
Добро го запаметија Квинси Промес. Двата гола и двете асистенции на холандскиот репрезентативец му помогнаа на Спартак да стигнат до победата од 5:1. Иако Севиља успеа да се извлече и со освојувањето на второто место да помине во нокаут фазата од натпреварувањето, сега се сетија на таа ноќ во Москва и рекоја: со сите сили на Промес!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И шпанските и руските медиуми пишуваат дека се е готово. Промес ќе добие договор на четири сезони, а Севиља ќе плати 21 милион евра. Така Спартак ќе ги удвои парите вложени во него пред четири лета кога од Твенте го дведоја Промес за 11,5 милиони евра. Дури и Русите очекуваат дека се треба да биде завршено уште утре.
А работите да бидат уште подобри за навивачите на Севиља, клубот ги отвори преговрите со Жирона околу играчот Порту, кој минатата сезона блескаше во Примера и постигна 11 гола со шест асистенции.