Дома Останати Тенис Порака до сите тенисери: За 3.5 милиони долари би играл и во Сахара на пладне! (фото)

Порака до сите тенисери: За 3.5 милиони долари би играл и во Сахара на пладне! (фото)

Почетокот на УС Опен го обележија високите температури и големата влажност на воздухот во Њујоркс поради што на тенисерите им се отежнуваат настапите.

Високите температури му правеа проблеми и на Новак Ѓоковиќ во натпреварот против Мартoн Фучовиќ, а поради тешките услови судијата им додели десетминутна пауза да се освежат, поради што Ѓоковиќ истакна благодарност.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Никогаш претходно не сум се сретнал со нешто такво. Му благодарам на главниот судија, навистина ни беше потребен тој десетминутен одмор“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на Твитер беше поддржан и од неговиот поранешен тренер Борис Бекер, додека нешто поинаков став имаше легендарниот Џими Конорс кој испрати порака до сите тенисери.

„Дали е жешко? Да имам шанса да играм за 3.5 милиони долари, би играл и на пладне во Сахара! Тоа е дел од играта, излезете на терен и дајте се од себе. Среќно“, реагираше Конорс на објавата на Бекер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ забележа нов пад на АТП-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на пониска позиција и на денес објавената АТП-лист…