Македонската ракометна репрезентативка Јована Саздовска потпиша две годишен договор со германскиот тим Турингер и во новата сезона повторно ќе игра во Лигата на шампионите. Саздовска која игра на позицијата лево крило беше последната од ракометарките на шампионскиот тим на Вардар што заминува. Договорот што таа го потпиша важи со 30.јуни 2020 година.

Саздовска досега во својата кариера во Македонија настапуваше за Металург, а како интернационалка има настапи и во Романија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


– Задоволна сум што во новата сезона ќе играм во Бундес лигата и што тренерот Херберт Милер покажа интерес. Со нетрпение го очекува мојот прв настап, изјави за клупскиот сајт Саздовска.

Тренерот на Турингер Херберт Милер искажа задоволство од доаѓањето на Саздовска во тимот особено што таа треба да биде замена за Нина Пилк, која поради бременост мора да ја прекине кариерата. Договорот стана официјален како што напомена Милер откако македонската репрезентативка ги добила сите потребни документи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Фјури со тешки обвинувања: Усик победи затоа што Украина е во војна

Олександар Усик е новиот светски шампион во бокс, откако во голема борба го победи Тајсон …