Дома Фудбал Серхио Рамос постигна неверојатен рекорд

Серхио Рамос постигна неверојатен рекорд

Актуелниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос постигна гол во 15 различна сезона во Примера и го изедначи постигнувањето на Фернандо Јеро.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Капитенот на европскиот шампион постигна гол од пенал во победата над Жирона како гостин со 4:1 синоќа.

Легендата Фернандо Јеро го носеше дресот на мадридскиот клуб меѓу 1989 и 2003 година. Серхио Рамос премина во Реал Мадрид во 2005 година, а веќе има 56 погодоци во дресот на „кралевите“.

Првиот гол на Рамос за Реал е во есента 2005 година во дуел против Реал Сосиедад.

Фернандо Јеро и Серхио Рамос се единствените двајца дефанзивци во шпанскиот фудбал, кои реализирале голови во 15 различни сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…