Дома Трансфер зона Барселона пресече: Алкасер заминува на позајмица во Дортмунд

Барселона пресече: Алкасер заминува на позајмица во Дортмунд

Пако Алкасер по две сезони ја напушта екипата на Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фантастичниот шпански напаѓач не се снајде најдобро на Ноу Камп по пристигнувањето од Валенсија во летото 2016. година, и бараше начин да замине во тимот каде ќе има шанси да покаже што знае.

На крајот и го најде. Договорена е работата помеѓу Барселона и Борусија Дортмунд и Алкасер ќе замине на едногодишна позајмица во редовите на германскиот великан.

За позајмицата тимот од Дортмунд ќе плати два милиони евра, а на крајот од сезоната ќе има право на откуп на договорот за 25 милиони евра.

Алкасер набрзо ќе стигне на лекарски прегледи во Дортмунд и ќе потпише договор со Милионерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Oва е конечниот список на Англија, Тухел предизвика потрес! (Фото)

Германскиот стратег Томас Тухел го објави составот на англиската фудбалска репрезентација …