Дома Фудбал Официјално: Пјаниќ и Јувентус заедно до 2023 година!

Официјално: Пјаниќ и Јувентус заедно до 2023 година!

Тоа што го најавуваа медиумите во изминатите денови денес доби официјална потврда – Пјаниќ стави потпис на нов договор со Јувентус.

Во текот на летниот преоден рок неколку европски гиганти покажаа интерес за Пјаниќ, но „старата дама“ не сакаше да го продаде и денес го награди со нов договор.

Имено, според новиот договор Пјаниќ ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона и ќе биде трет наплатен фудбалер во тимот после Роналдо и Дибала.

Со новиот договор Босанецот се обврза на верност кон „бјанконерите“ до 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасукиќ двоен стрелец во Битола: Силекс останува во трката за нов куп-трофеј

Силекс го елиминира Пелистер со 3:0, со три погодоци пред паузата. Бранителот на трофејот …