Во таборот на Победа владее позитивна атмосфера и оптимизам по стартната победа над Беласица а во пресрет на утрешниот меч од 2-то коло со Шкупи.
Очекувањата од дуелот на Чаир ги пренесува еден од носителите на играта на црвено-белите Јорданчо Наумоски:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не очекува тежок натпревар. Сите знаеме дека Шкупи има добар и квалитетен состав и игра пред пред полна трибина свои симпатизери. Но и покрај тоа ние во никој случај во Скопје не патуваме со бело знаме, туку напротив одиме да се надигруваме и одиме по бодови. Атмосферата во клубот е одлична, посебно по победата над Беласица во првото коло. Имаме голем број нови играчи кои се прифатени одлично од староседелците и сите клупски структури. Како одминува времето и натпреварите се повеќе се запознаваме и воигруваме и се надевам тоа ќе се рефлектира и на терен и нема да ја разочараме прилепската публика и нашите навивачи „Мајмуни“, истакна Наумоски.
Натпреварот Шкупи-Победа од 2-то коло на ПМФЛ се игра денес во 17 часот на стадионот Чаир во Скопје.