Дома Фудбал Италија Се огласи Стриниќ: Не е страшно, наскоро пак ќе играм фудбал!

Се огласи Стриниќ: Не е страшно, наскоро пак ќе играм фудбал!

Вчера Милан го шокира фудбалскиот свет откако преку официјално соопштение објави дека Иван Стриниќ има проблеми со срцето и дека докторите му забраниле спортска активност на одредено време.

Стриниќ ова лето пристигна во Милан и при лекарските прегледи било утврдено дека има хипертрофија на срцевиот мускул, па веднаш му беше наредено да прекине со спортски активности.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец се огласи и истакна дека не е ништо страшно и наскоро повторно ќе го гледаме на фудбалските терени.

„Нема причина за загриженост, ништо посебно не се случува. Ќе одморам десет дена, потоа ќе следат нови прегледи, а лекарите ме уверуваат дека најдоцна за еден месец би требало да сум подготвен да играм за Милан“.

„Поради се што се случува во светот на фудбалот лекарите се многу претпазливи и најверојатно препорачаа повисоки мерки на претпазливост отколку што требаше. Во секој случај одморот ќе ми биде добредјден за да ја залечам и повредата на тетивата што ме мачи подолго време“, изјави Стриниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…