Во рамки на второто коло во Премиер лигата, денешните натпревари ги заокружи големото лондонско дерби помеѓу Арсенал и Челзи.
„Топчиите“ гостуваа кај Челзи и беа поразни и во второто коло со 3:2.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во рамки на првото полувреме беа постигнати фантастични погодоци за ова дерби да ја добие својата вистинска слика
Резултатот го отвори Педро во раната . минута од мечот, а по низата шанси за Арсенал, уште една казна пристигна во 20. минута кога Челзи зголеми на 2:0 преку Мората.
Но, во финишот на првиот дел во само 4 минути, „Топчиите“ се вратија целосно во мечот ремизирајќи со 2:2. Најпрво Михтаријан постигна погодок во 37. минута, а Ивоби израмни на 2:2 во 41. минута од мечот.
Возбудувањата продолжија и во вториот дел, но во поголемиот дел без реализиран погодок. Во 81. минута сепак, Алонсо успеа да го собори Петар Чех на мрежата и да го врати Челзи во водство за нови големи 3 бода за Плавите, и нов овоојпат несреќен пораз за „Топчиите“.