Тренерот на Интер, смета дека неговиот тим е еден од кандидатите за титула.
Многумина ќе кажат дека на Јувентус тешко кој може да им парира во Италија, особено откако пристигна Кристијано Роналдо, но во Интер сметаат дека сето она што го работат треба да донесе одредени резултати.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Подготвени сме. Мораме да ги победуваме сите, па така и Сасуоло на гости во првото коло. Летото е готово, сега се играат сериозни натпревари и наше е да покажеме колку сме зрели, а мислам дека сме“, истакна Спалети.
„Чувствувам дека сега имаме уште посилен тим, не затоа што дојдоа нови играчи, туку затоа што подобро се познаваме и имаме јасна идеја за нашите цели. Мораме да бидеме подобри од изминатата сезона кога бевме четврти“.
„Никој нема намера да му го предаде Скудетото на Јувентус уште пред да започне. Интер може да дојде до Скудетото, може и Рома, Наполи, Милан, Лацио… Ние сме еден од фаворитите за титула и ќе се обидеме да му напакостиме на Јувентус“, порача тренерот на Нероаѕурите.
Во Интер ова лето пристигнаа Раџа Наинголан, Стефан Де Вриј, Кеита Балде Диао, Шиме Врсалјко, Квадво, Асамоа и Лаутаро Мартинез.