Притисокот расте, анализите покажуваат дека Реал во овие последни две недели од трансфер периодот би можеле без проблем да потрошат 300 милиони евра.
Имено, долго веќе не доведоа некое големо име, многу играчи си заминаа, ова лето си замина Роналдо и иако Лопетеги тврди дека поразот од Атлетико нема да влијае на тактиката во траснфер периодот, јасно дека на Реал му е потребни засилувања. Продажбата на Роналдо, Ковачиќ и заминувањето на Тео на позајмица направи проблеми, ја додаваме и повредата на Ваљехо, остана уште три стопери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пристигнаа Куртоа и Одриозола, но повеќето се согласуваат дека се потребни стопер и напаѓач. За нападот реално останаа четири опции, поточно три, бидејќи Италијанците го завршуваат трансфер периодот вечерва, и тешко дека Интер потоа ќе го продаде Икарди, бидејќи нема да може да пронајде замена. Левандосвки ќе остане најголемата желба, но Баерн одби да преговара, додека за Тимо Вернер Лајпциг бара големи пари.
Најреална опција е Родриго од Валенсија, 80 милиони евра би биле доволно, но неговиот голгетерски скор не е охрабрувачки, иако под Лопетеги стигна до репрезентацијата. Приказните за Азар се нереални по завршувањето на трансфер периодот во Премиер лигата, како и наводно срушувањето на светскиот рекорд за Хари Кејн.
Што се однесува на одбраната проблемот е тоа што нема стопер на пазарот, дури и оние кои ги задоволуваат условите на Реал. Варан и Рамос се стандардни, Начо е опција, но тој четвртиот кој би пристигнал би можел да стартува со статус резерва. Се споменува дека и непристојна понуда би го натерела Челзи да го продаде Маркос Алонсо кој може да игра и лево.
Ќе почекаме уште неколку недели, но ако Реал започне лошо, по поразот во Суперкупот, јасно дека ќе мора да ја отвори касата.