Дома Фудбал Италија Маркизио со емотивна порака се прости од Јувентус!

Маркизио со емотивна порака се прости од Јувентус!

Играчот за врска на Јувентус, Клаудио Маркизио денес после 25 години ја напушти „старата дама“, откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот.

32-годишниот Маркизио е дел од Јувентус уште од 1993 година и само една сезона помина на позајмица во Емполи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маркизио на социјалните мрежи објави фотографија и со емотивна порака се прости од Јувентус.

„Илјадници мисли и моменти ми поминаа низ главата минатата ноќ. Не можам да престанам да ја гледам оваа слика со која го напишав мојот живот на човек и фудбалер. Толку многу го сакам овој дрес, што единствено нешто на што мислам е доброто на клубот. Вие сте најубавиот дел од оваа величенствена историја, поради тоа за неколку дена ќе се разделиме на специјален начин“, напиша Маркизио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…