Иднината на Модриќ во Реал Мадрид беше главна тема во последниот месец и силно се шпекулираше дека Хрватот би можел да се пресели во Интер.
Меѓутоа, Модриќ синоќа испрати порака преку Инстаграм со која стави крај на сите шпекуалции и сигурно ги израдува фановите на „кралскиот“ клуб.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Тежок пораз, но еден пораз не ја дефинира оваа екипа! Време е да се подигнеме и да продолжиме да работиме онака како што отсекогаш работевме“, напиша Модриќ.
Хрватот алудираше на поразот кој Реал Мадрид го претрпе од градскиот ривал Атлетико Мадрид во рамките на европскиот Суперкуп.
Денес во 20 часот се затвора трансфер пазарот во Италија, а судејќи по оваа објава Модриќ сигурно останува на „Сантиаго Бернабеу“.