Дома Фудбал Останато Де Лаурентис е неверојатен: Бара исфрлање од Лигата на шампионите на Рома и Ливерпул!

Де Лаурентис е неверојатен: Бара исфрлање од Лигата на шампионите на Рома и Ливерпул!

de laurentis

Како и обично во Неапол малку претеруваат, а Аурелио Де Лаурентис секогаш знае како да заврши на насловните страни.

Влегуваше во кофликт со се и секого ова лето, на навивачите им порача дека заслужуваат Кинези да го купат клубот. Наполи го прогласи за шампион тврдејќи дека Јувентус ги има судиите под „свое“, Сари го држеше како заложник неколку месеци…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега откри дека тој на Рома и нудел 60 милони за Алисон но го одбиле, а потоа го продале на Ливерпул. Тој се сомнева дека постои договор помеѓу клубовите кои имаат исти сопственици.

Имено, сопствениците на Рома беа дел од „Фенвеј групата“ кој има поголем пакет акции и во Ливерпул.

„Го продадоа за 70 милиони евра, а нас не би го ни продале ниту за 100. Сите знаеме за што се работи. Птичката ми дошепна дека доколку би имало правда не би смееле да играат во Лигата на шампионите, ова е судир на интереси“, тврди Де Лаурентис.

Со други зборови тој сака да каже дека зделките помеѓу во врска со Салах и Алисон се матни и дека Џон Хенри практично е сопственик и на Рома.

Интересно е што овие два клуба во минатата година играа полуфинал и после многу контроверзни и лоши судиски одлуки Ливерпул се пласираше во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…