Македонската машка ракометна репрезентација до 18 години со перфектен учинок „пет од пет“ ја заврши групната фаза на ЕХФ шампионатот во Грузија.
Меѓутоа тоа е само почеток и допрва следи она вистинското за четата на Данило Брестовац која веќе го дозна противникот за полуфиналето на турнирот. Тоа ќе биде селекцијата на Белорусија која заврши како второпласирана во групата Б зад селекцијата на Италија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денеска Италијанците и Белорусите имаа директен дуел, а во истиот славеа „аѕурите“ со 27-22.
Мечот меѓу Македонија и Белорусија се игра во сабота од 17:15 по македонско време.