Со нова одлична партија, нашите репрезентативци до 18 години стигнаа и до четвртата победа од исто толку натпревари на ЕХФ Шампионатот, со што не само што го осигураа пласманот во полуфиналето, туку го осигураа и првото место во Групата А.

Уште од самиот почеток на натпреварот избраниците на Данило Брестовац ги контролираа случувањата на теренот, а одличната игра во одбраната на Швајцарците им дозволи само 9 постигнати голови пред самиот крај на првото полувреме. Во самата завршница од полувремето Швајцарија постигна три голла, сепак и нашите репрезентативци знаеја да вратат, па на пауза се замина со 15-12 за Македонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Продолжи добрата игра на нашиот тим и во второто полувреме, кога успеавме да се одлепиме и на највисоки шест голови разлика, но потоа следуваше период во кој направивме неколку грешки во серија што донесоа лесни голови од контра напади за противникот, па Швајцарија постигна 6 голови во низа и во еден момент дојде и до два гола предност (23-21). Сепак, успеа Брестовац повторно да ја консолидира играта на нашиот тим, Кизиќ беше одличен на голот во моментите кога најмногу требаше, а на Серафимов и Симоновски, во нападот им помогнаа и Каковски и Ѓорѓиев, со што Македонија направи нов пресврт и поведе со 32-30. Добрата одбрана на нашиот тим продолжи и во клучните моменти во самата завршница, па Швајцарија постигна само уште еден гол, за конечен триумф на Македонија од 32-31.

Со оваа четврта победа, нашата репрезентација останува единствена непоразена во групата со веќе осигурано прво место, на коло до крајот. Во последниот меч од групата се среќаваме со Естонија во четврток, сепак тој натпревар нема никакво резултатско значење, со тоа што Македонија го осигура своето место во полуфиналето и ќе го очекува второпласираниот тим од другата група.

Полуфиналните средби се предвидени за сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …