Дома Трансфер зона Баерн е тоа: Одбиле 100 милиони како од шала!

Баерн е тоа: Одбиле 100 милиони како од шала!

Германскот шампион и еден од најдобрите клубови во светот, Баерн Минхен не беше воопшто активен во зимскиот преоден рок.

Тоа беше и за очекување бидејќи тимот со кој располага Карло Анчелоти е исклучително силен и е еден од главните фаворити не само во Германија туку и во Лигата на шампиони.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Она што во последните месеци ги загрижува навивачите е формата на Томас Милер, кој е далеку од неговата препознатлива форма која го красеше минатите години.

„Не сум загрижен за Томас. Манчестер Јунајтед беше спремен да плати 100 милиони евра за него пред само една година“, изјави претседателот на Баерн, Ули Хенес.

„Немам сомнеж дека повторно ќе биде оној стариот. Во нормална ситуација, кога Томас е во форма и кога има висока самодоверба ќе биде стартер во Баерн. Тој е нашиот клучен фудбалер. Сепак, не сакаме да вршиме притисок на тренерот кога е во прашање Милер“, додаде Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Балотели добил понуда каква што чека и – ќе игра во Серија А?!

Се поврзуваше Марио Балотели со разни клубови во текот на изминатиот период, но контроверз…