Дома Трансфер зона Тухел порача дека не е сигурен во Париз, италијанските гиганти во трка за неговиот потпис

Тухел порача дека не е сигурен во Париз, италијанските гиганти во трка за неговиот потпис

Играчот за врска, Адриен Рабио никако да одлучи.

Пари Сен Жермен одлично ја започна новата сезона во Франција, славеа победа од 3:0, а Рабио беше стрелец на вториот гол.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Иако францускиот играч за врска го започна овој натпревар, неговиот тренер не е сигурен дали тој ќе остане во клубот. Рабио се поврзуваше со бројни тимови, се појави и вест дека Барселона наводно ги договорила личните услови, но ништо повеќе не се случи.

„Не е сигурен дали Адриен ќе остане во Париз, тоа е негова одлука“, изјави Тухел после вчерашниот натпревар.

Милан и Јувентус со задоволство би го виделе во своите редови. Јувентус од поодамна покажува интерес за неговите услуги додека, спортскиот директор Леонардо е голем фан на овој играч.

„За мене тој е одличен играч. Тој може да напредува и да стане играч од голема класа“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…