Лука Модриќ потпишува наскоро!
Ако претходно беа спротиставени, сега и Италијанците и Шпанците тврдат се едногласни кога во прашање е иднината на хрватскиот магионичар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот играч на последното Светско првенство останува во Реал Мадрид!
Се е јасно! После состанокот со Флорентино Перез и останатите претставници, Лука Модриќ одлучил да го продолжи договорот и наскоро се ќе биде официјализирано.
Хрватскиот репрезентативец ќе има далеку поголема плата од онаа која ја добива сега (6.5 милиони евра по сезон). Модриќ со новиот договор ќе се изедначи со Серхио Рамос и ќе добива 10 милиони евра по сезона, токму онолку колку што му нудеше и Интер.
Единствен кој ќе добива поголема плата во овој момент во тимот на Реал е Герет Бејл.
Кога ќе се погледне целата ситуација кристално јасно е дека интересот од Интер е најголемата причина за одличниот договор кој според очекувањата од поголемиот број светски медиуми, Модриќ наскоро ќе го потпише.
Exclusive: #Modric's agent told player won't be allowed to leave #RealMadrid, #Inter still hope https://t.co/RoDmWTu1qE pic.twitter.com/2RuZl2tJYb
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) August 11, 2018