Македонската кадетска ракометна репрезентација (играчи до 18 години) со победа го почнаа ЕХФ шампионатот во Тбилиси, Грузија. Избраниците на селекторот Данило Брестовац во дуелот од 1.коло од А групата ја совладаа Литванија со 32:30 (19:13). Најефикасен во нашиот тим беше Ненад Костески со 11 голови, додека признанието најдобар играч на дуелот му припадна на Мартин Серафимов, кој постигна 9 голови.

Македонскиот селектор Брестовац пред десетина дена на ЕХФ шампионот во Скопје за играчи до 20 години го освои првото место.

Во другите два дуела од А групата: Швајцарија – Естонија 33:22 и Фарски Острови – Луксембург 26:32.
Утре Македонија во дуел од 2.коло од 13 часот по игра против Луксембург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров: Никој не може да ми го оспори тоа што го направив за македонскиот ракомет

Тренерот на Алкалоид и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е…