Дома Трансфер зона Официјално: Курт Зума на позајмица во Евертон

Официјално: Курт Зума на позајмица во Евертон

Иако преодниот рок во Англија истече вчера во 18:00 часот тимот на Евертон денес го официјализираше последното засилување.

Стоперот на Челзи, Курт Зума оваа сезона ќе ја помине како позајмен фудбалер во Евертон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Французинот е последното засилување за „карамелите“ после Јери Мина, Андре Гомеш, Лукас Диње, Жоа Вирџинија и Ричарлисон.

Малку е чудно што Евертон овој трансфер го потврдува денес, но тоа е така поради што се чекало само потврда од ФА, комплетната документација била испратена вчера во дадениот рок.

Зума дебитираше за Сент Етјен на само 16 години, а после три сезони се пресели во редовите на Челзи.

Во Евертон Зума ќе го носи дресот со број 5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…